Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оствари работна средба со претставници од авио компанијата  ОнурЕр.

На средбата се разговараше за можностите и условите  за воспоставување на нова линија на релација Охрид –Истанбул.

Министерот Сугарески ги презентираше условите што ги нуди Република Македонија на авиокомпании кои се заинтересирани да оперираат од двата аеродроми. Тој потенцираше дека развојот на авиосообраќајот е приоритет на Владата на Република Македонија и во таа насока политиките на Министерството за транспорт и врски ќе се движат кон обезбедување на широка мрежа на дестинации во Европа и светот.

“Имав плодна средба со претставниците на авио- компанијата ОнурЕр. Тие ги образложија плановите за ширење на нивната мрежа и во Република Македонија преку воспоставување на нови линии. Ние како Влада имаме обврска да се залагаме за развој на авиосообраќајот и во таа насока ќе дадеме поддршка на секоја авиокомпанија што сака да оперира во Република Макједонија”, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. 

На средбата се отвори и прашањето за заголемување на  капацитетите на искористеност на аеродромот Св Апостол Павле во Охрид..

Во таа насока, Владата на Република Македонија воспоставува политики за развој на ависообраќајот и обезбедување на подобри услови за граѓаните и сите други чинители во воздухопловната дејност во Република  Македонија, истакна на средбата министерот Сугарески .