Министерството за транспорт и врски остро реагира на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која се изнесени груби невистини и дезинформации во однос на постапката за прскање против комарци.

Би сакале да Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски уште во месец мај оваа година отпочна јавна набавка за услуга за уништување на возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).

По спроведената јавна набавка, согласно законските прописи во Република Македонија,  избран е економски оператор што ќе го изврши прскањето против комарци и тоа во општините Охрид, Дојран, Ресен, Крушево, Берово и Чешиново Облешево.

Би сакале да појасниме и дека овие посочени општини за кои се однесува прскањето се предвидени согласно заклучокот на Владата на Република Македонија од  25. 04.2017 година.

Министерството за транспорт и врски, согласно годишниот план за јавни набавки за 2017 година има предвидено средства за реализација на оваа услуга.

Од тука, не се точни тврдењата изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и ги повикуваме да не шпекулираат со информации.

Министерство за транспорт и врски