РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

до превозниците кои вршат меѓународен превоз на стока

Ве информираме дека во периодот од 13.10.2016 година (четврток) со почеток од 00:00 часот заклучно до 15.10.2016 година (сабота) до 24:00 часот ќе се врши годишното аплицирање по електронски пат за распределба на ЦЕМТ дозволи за 2017 година и изготвување на поединечен план како резервација на поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2017 година.

Трговските друштва кои имаат лиценци за меѓународен јавен превоз на стоки (за сите видови меѓународни транспортни дозволи) и трговските друштва кои имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби (за поединечни транспортни дозволи-резервација), во наведениот термин ќе можат да аплицираат на интернет-страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk.

  Контакт телефон за дополнителни информации: 02/3145-888