Врз основа на член 20 од Законот за превоз на опасни материи („Сл. весник на РМ“ бр. 92/07, 147/08, 161/09, 17/11, 54/11, 13/13, 163/13, 38/14, 166/14, 116/15, 193/15 и 31/16) како и врз основа на Европската спогодба за меѓународен транспорт на опасни материи ратификувана во Република Македонија на 18 април 1997 година, Министерството за транспорт и врски објавува Јавен повик.

Јавниот повик се објавува со цел да се избере правно лице кое ќе врши изработување на АДР Сертификати за стручна оспособеност на возачите на моторните возила за превоз на опасни материи за потребите на Министерството за транспорт и врски, во согласност со Законот за превоз на опасни материи.

Критериумите за избор и потребната документација се дадени во прилог кон објавата.

Право на учество имаат сите домашни правни лица заинтересирани за добивање на овластување за изработување на АДР сертификатите за возачи.

Краен рок за доставување на пријава за учество е 22.12.2017 година до 12:00 часот. Пријавите се поднесуваат по пошта на следнава адреса: Министерство за транспорт и врски, ул. „Даме Груев“ бр. 6 – Скопје, или може да се поднесат директно во писарницата на Министерството за транспорт и врски, лоцирана на ул. „Даме Груев“ бр.6 - Скопје.

Пријавата која е поднесена по истекот на крајниот рок, се отфрла како задоцнета.

Во прилог Јавниот повик и дизајнот:

Dizajn.pdf 

Јавен_повик.doc