ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

на документи: “Рамка за управување со животна средина и социјални прашања” и “Рамка на Политиката за раселување” за Проект за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан

Ве информираме дека Министерство за транспорт и врски ќе организира јавна презентација на нацрт документи:“Рамка за управување со животна средина и социјални прашања” и “Рамка на Политиката за раселување” за Проект за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан кој е финансиран преку заем од Светска Банка.

Јавната расправа ќе се одржи на ден  9.11.2018со почеток во 13 часот во просториите на Министерство за транспорт и врски на Република Македонија, сала на 1 спрат на следната локација: ул. “Даме Груев“ бр. 6, Скопје.

Главна цели на овој проект е поддршка на владите на Западен Балкан да промовираат продлабочување на економската интеграција во регионот и ЕУ преку помагање во спроведувањето на мерките со цел олеснување на прекуграничното движење на стокии патници; како и подобрување на пристапот на пазарот за трговија со услуги и инвестиции, намалување на трговските трошоци и зголемување на ефикасноста на транспортот во земјите од Западен Балкан.

Со цел навремено идентификување на можни негативни влијанија врз животната средина и социјалните аспекти од реализирање на проектните активности се  изработија документите: “Рамка за управување со животна средина и социјални прашања” и “Рамка за политиката за раселување“ согласно националното законодавство и барањата на Светска Банка. 

Министерството за транспорт и врски иЈавното Претпријатие за државни патишта ги повикуваат сите заинтересирани страни, институции и поединци да присуствуваат на јавната расправа и ги дадат своите коментари и забелешки на подготвените документи.

Нацрт документите ќе бидат достапни за увид на јавноста на веб страницата на Министерство за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk/) и Јавното Претпријатие за Државни патишта (http://www.roads.org.mk) од 5.11.2018 год. Вашите коментари ќе можете да ги доставите во писмена форма на адреса: ул. “Даме Груев” бр. 6, 1000 Скопје, или по електронски пат на следните e-mail адреси: goran.temovski@mtc.gov.mkили contact@roads.org.mkво рок од 7 дена од објава на документите.

Во прилог: 

04_TTFP_RPF_Macedonia_-_Clean_for_Disclosure.mk_.doc 

04_TTFP_RPF_Macedonia_-_Social_REV_NV_ML_NV_CLEAN-SPA.docx 

DRAFT_TTFP_ESMF__ENG_30.10_.18_SPA_f_.docx 

РУЖСПП-ПОТТЗБ-МК_30.10_.18_SPA_.docx