Во неготинското село Пепелиште, поставен е камен темелник на за изградба на водоводен систем со кој трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во селото.

Во неготинското село Пепелиште, поставен е камен темелник на за изградба на водоводен систем со кој трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во селото.

Општина Неготино го изготви проектот за рехабилитација на водоснабдувањето со средства од Европска инвестициона банка преку Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија.

Градоначалникот на Неготино Ванчо Апостолов изјави дека досега има искористено 230 милиони денари во комунална инфраструктура. 

Остануваат средства што се неискористени за овој крај, затоа од денешните разговори со градоначалникот дознавам дека се подготвуваат нови проекти токму за вложувања во комуналната инфраструктура, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.