По повод празникот 11 Октомври, денот на народноослободителното востание, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески како дел од владината делегација положи свежо цвеќе пред спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу и пред Могилата на непобедените во Паркот на револуцијата во Прилеп.

Во изјавата за медиумите, министерот Сугарески рече:

“Да ни е честит 11 Октомври, денот на вековитата борба за слободна и независна Македонија. Денеска им одаваме почит на сите херои, борци за слободна Македонија, тие нека бидат пример и идеологија што ќе не води сите нас да ја направиме оваа наша држава запаментена засекогаш во историјата. Да не дозволиме да ги заборавиме сите оние кои ги положија своите животи за тоа, да се обидеме сите заеднички да изградиме општество на помирување кое ќе го темелиме на соживот, просперитет  и благодет за идните поколенија. Денеска ја градиме Европска Македонија која почива на темелите на слободата, демократијата и човековите права. Слава им на сите херои што го дадоа животот за Македонија и да ни е честит празникот 11 октомври”, изјави Сугарески.