08 Февруари, 2018

Почитувани,
Ве известуваме дека утре (петок, 9 февруари 2018 година) министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески ќе одржи работен состанок со директорот на Македонски Eнергетски Ресурси и градоначалниците на општините.
Предвидени се изјави за медиумите во 12:00 часот во просториите на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС.
Покануваме новинари, сниматели и фоторепортери со цел проследување на настанот и информациите до пошироката јавност.
Со почит,
Министерство за транспорт и врски