Последни новости и информации
 
 
Од февруари се укинува патната такса за Република Србија - 1/27/2012
Ве информираме дека е укината патната такса за влез и за транзитирање низ територијата на Република Србија која важеше за македонските превозници.
повеќе...

Јанакиески: Состојбата со водоснабдувањето во Прилеп почна да се подобрува - 1/26/2012
Состојбата со водоснабдувањето во Прилеп е заради намалување на издашноста на изворот Студенчица. Со обилните врнежи на снег и дожд од вчера почна да се подобрува, истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески одговарајќи на прашање на пратеникот Горан Сугаревски од СДСМ за решавање на проблемот.
повеќе...

Инспекциски надзори на ДИТ во ноември и декември - 1/25/2012
Ве информираме дека Државниот инспекторат за транспорт, како орган во рамките на Министерството за транспорт и врски, во текот на месеците ноември и декември 2011 година изврши 974 инспекциски надзори и од истите се преземени соодветни мерки за констатираните отстапувања од законската регулатива, согласно овластувањата кои произлегуваат од Законот за превоз во патниот сообраќај.
повеќе...

Огласени на продажба 15 градежни парцели во Нов Дојран - 1/25/2012
Градежно неизградено земјиште во Нов Дојран со вкупна површина од 6.701 метри квадратни, сопственост на Република Македонија утврдено со Деталниот урбанистички план од 1977 година донесен од тогашното Собрание на Општина Гевгелија, а наменето за изградба на виќенд куќи, огласено е на продажба по пат на јавна лицитација.
повеќе...

63.925 патници на македонските аеродроми во декември - 1/24/2012
Ве информираме дека во месец декември 2011 година на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2010 година. Имено, во овој месец од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 63.925 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 54.678 патници што претставува зголемување на бројот на превезени патници за 16,9%.
повеќе...

Пуштен во употреба патот до населеното место Штавица во општина Прилеп - 1/19/2012
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески претпладнето заедно со градоначалникот Ристески го пуштија во употреба локалниот патен правец до прилепското село Штавица.
повеќе...

Покана до медиуми - 1/18/2012
Ве информираме дека Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески утре (четврток, 19. јануари 2012 година) во 10.00 часот ќе присуствува на пуштање во употреба на патот до населеното место Штавица во општина Прилеп кој се реализира во рамките на проектот за изградба на локални патишта во општините во Република Македонија во соработка со Светска банка.
повеќе...

Со донација од НАТО ќе се реконструираат мостови и патната инфраструктура во земјава - 1/18/2012
Со донација од НАТО во вредност од 8,6 милиони евра во наредниот период ќе се реконструираат мостови и патната инфраструктура во земјава. Ќе бидат опфатени минимум 13 мостови. Проектите ќе се изработуваат оваа година, а изградбата наредната година.
повеќе...

Распишана објава за отуѓување локации во Дојран наменети за изградба на викенд куќи - 1/17/2012
Ве информираме дека денес Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на викенд куќи во општина Дојран.
повеќе...

Одобрени 6 апликации во рамките на проектот за водоснабдување и одведување отпадни води - 1/16/2012
Ве информираме дека Европската инвестициона банка одобри шест апликации за изградба на комунална инфраструктура, односно нови вовдоводно-канализациски системи во општините во Република Македонија, во рамките на проектот за „Водоснабдување и одведување отпадни води“.
повеќе...