Во услови кога имаме неколкукратно зголемување на бројот на возила, кога имаме урбан сообраќаен метеж а инфраструктура е ограничена, мора сите заеднички да најдеме решенија за унапредување на транспортната ефикасност се со цел да го подигнеме квалитетот на урбаното живеење, рече министерот Сугарески на денешната конференција посветена на регулација на урбаниот транспорт во Скопје. 

"Урбаното живеење не е само начин на живот, тоа е филозофија која се заснова на начелата на слободно, непречено и ефикасно извршување на секојдневните активности.

Ние како носители на извршната власт мораме да покажеме итност во решавање на состојбата со урбаниот транспорт за да го олесниме фунционирањето на сите чинители во сообраќајот.

Ова е почетна иницијатива во решавање на ова комплесно прашање и му честитам на градоначалникот Шилегов за неговото залагање.

Во услови кога имаме неколкукратно зголемување на бројот на возила, кога имаме урбан сообраќаен метеж а инфраструктура е ограничена, мора сите заеднички да најдеме решенија за унапредување на транспортната ефикасност се со цел да го подигнеме квалитетот на урбаното живеење.

Лично сметам дека мора веднаш да се работи во насока на изнаоѓање на нови алтернативни транспортни решенија од ефикасен и комбиниран јавен превоз за да го намалиме метежот што се случува низ градот", изјави министерот Сугарески.

Тој потенцираше дека политиките што се спроведуваат од аспект на надлежностите како  Министерство за транспорт во делот урбаното делување се во насока на подобро планирање но и директна помош кон општините за подобрување на инфраструктурта. Како една од мерките за поголема употреба на јавниот транспорт во Програмата за работа предвидено е  изработка на студии за изградба на приградски железнички сообраќај. Овој проект треба да придонесе  за намалување на урабниот метеж и да ја зголеми употребата на јавниот превоз во градските и приградските населени места, рече Сугарески.  

"Сметаме дека употребата на јавниот транспорт како и другите оддржливи видови на транспорт е многу важно прашање на кое сериозно сите треба да работиме посебно во градот Скопје како би се намалиле последиците од сегашните сообраќајни услови. 

Секако конкретните решенија би биле поголеми сообраќајници, подземна инфраструктура, користење на јавниот превоз и алтернативен транспорт, но пак ќе спомнам, мора заеднички да работиме сето ова да го имплементираме но и да ја подгнеме свеста кај граѓаните за намалување на употребата на моторните возила во централните градски средини", истакна министерот. 

Конференцијата се оддржа во организација на Град Скопје во соработка со делегацијата на Европската Унија.