Ве информираме дека министерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за 2017 година. 

Вкупно 78 апликации беа поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии. Од нив 27 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници и 51 апликација за меѓународен превоз на патници.

Врз основа на прелиминарната распределба:

-   За меѓуопштински превоз на патници одобрени се 14 апликации, 1 апликација е делумно одобрена а 12 се одбиени.

-  За меѓународен превоз на патници одобрени се 28 апликации, 3 апликации се делумно одобрени и 20 се одбиени.

Сакаме да информираме дека распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и подзаконските акти. 

Во прилог финални листи од прелиминарната распределба на автобуските линии за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници.

MegunarodniFinalni.pdf 

MegunarodniLista.pdf 

MegunarodniPricini.pdf 

MeguopshtinskiLista.pdf 

MeguopshtinskiPricini.pdf 

MeguopstinskiFinalni.pdf