Ве информираме дека на ден 31.05.2018 година (четврток) со почеток од 09:00 часот заклучно до 15:00 часот истиот ден ќе се врши аплицирање по електронски пат за одобрување на возни редови за одобрување на нови автобуски линии и за промена на одобрени автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.

Превозниците кои имаат лиценци за меѓуопштински и/или меѓународен линиски превоз на патници и кои ги исполнуват критериумите за аплицирање утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај во наведениот термин ќе можат да аплицираат на интернет-страницата www.liniskiprevoz.gov.mk.

Во прилог на соопштението се дадени табелите со ажурирани бази на одобрени возни редови во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај заклучно со денешен ден и листа на категоризирани автобуски станици.

oglas_za_avtobuski_linii_maj_2018_godina.doc 

категоризирани_автобуски_станици.doc 

Меѓународен_линиски_23.05_.2018_.xls 

Меѓуопштински_23.05_.2018_.xls