С О О П Ш Т Е Н И Е 

до превозниците кои вршат меѓународен превоз на стока

Почитувани, Ве информираме дека на ден 19 и 20-ти септември 2016 година Мешовитата комисија за меѓународен патен сообраќај на Република Македонија и Република Франција одржа состанок во Скопје, на кој беше договорен дополнителен контингент од 450 билатерални дозволи за возила со еуро 5 стандард и дополнителен контингент од 50 дозволи за вршење на превоз за и од трети земји за возила со еуро 5 стандард.

Исто така на состанокот е договорен и контингентот на дозволи за 2017 година и тоа:

-3000  дозволи за возила со ЕУРО 5 стандард,

-200 дозволи за превоз за и од трети земји за возила со ЕУРО 5 стандард и 

-20 времени дозволи за возила со ЕУРО 5 стандард.

Министерството за транспорт и врски и во иднина ќе превзема активности за зголемување на бројот на дозволи за вршење на превоз на стока со цел да го олесни секојдневното работење на превозниците.

Министерство за транспорт и врски