Почитувани,

Ве информираме дека поради изборниот процес што во моментов се случува во Република Македонија, а согласно сите законските прописи што се применуваат и заради транспарентност на постапката, прелиминарната распределба на годишни ЕКТМ дозволи за меѓународен превоз на стоки ќе се оддржи на 12.12.2016 година. 

Притоа, сакаме да ги увериме сите транспортни компании во Република Македонија, дека Министерството за транспорт и врски согласно своите надлежности во соработка со Комисијата за распределба на ЕКТМ дозволите, ќе изврши распределба и дистрибуција на транспортните дозволи до крај на оваа година.

Поради оддржување на изборниот процес,  сакаме да информираме дека прелиминарната распределба ќе се објави на 12. 12. 2016 година. Во периодот од 13. 12. 2016 година  до 20. 12. 2016 година е предвиден период за приговори преку електронскиот систем. На 22. 12. 2016 година ќе биде објавена конечна листа на распределени ЕКМТ и резервирани поединечни транспортни дозволи и до крај на годината ќе бидат дистрибуирани дозволите на превозниците.

Со тоа ќе го заокружиме процесот на распределба на транспортните дозволи за 2017 година.

Исто така Министертвото за транспорт и врски ги поддржува сите транспортни компании кои вршат меѓународен превоз на стока и ги уверува дека не постои никаква пречка навремено да ги планираат и извршуваат своите деловни активности за тековната 2017 година.

Министерството за транспорт и врски во континуитет се залага за подборување на условите на транспортерите за вршење на транспортната дејност во внатрешниот и на меѓунардниот пазар.

 

  Со почит,

  Министерство за транспорт и врски