Соглaсно член 8 - б одЗаконот за превоз во патниот сообраќај и член 4 од Правилникот за начинот, постапката и програмата за полагање на испит за добивање на сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај, формата и содржината на уверението за положен испит и на сертификатот, Министертвото за транспорт и врски закажува датуми за електронско полагање на:

-  Испитoт за добивање сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај кој ќе се одржи на 22.08.2018 година во 08:30/17:00 часот, 20.09.2018 година во 08:30/17:00 часот.

-  Испитoт за добивање сертификат за професионална компетентност на управителот ќе се одржи на 09.08.2018 година во 12.00/ 17:00 часот, 07.09.2018 година во 12:00/ 17:00 часот.

-  Испитoт за добивање сертификат за стручно оспособување на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи во патниот сообраќај  ќе се одржи на 20.08.2018 година во 08:30/17:00 часот, на 06.09.2018 година во  08:30/17:00 часот.

-  Испитот за добивање сертификат за советник за безбедност при превоз на опасни материи ќе се одржи на 23.08.2018 година во 08:30/17:00 часот и на 21.09.2018 година во 08:30/17:00 часот.

Пријавувањето за полагање на испитот се врши со поднесување пријава на кандидатот до архивата на Mинистерството за транспорт и врски, најдоцна три работни денови пред датумот на кој е закажан испитот, а потоа Mинистерството за транспорт и врски електронски го пријавува кандидатот во електронскиот систем за полагање.

Електронските испити ќе се одржуваат во просторија специјално опремена за оваа намена која се наоѓа на Правниот факултет „Јустинијан Први“– Скопје.

Заинтересираните кандидати можат да извршат увид во базата на прашања за електронскиот испит на следниот линк: http://prasanja.mk.