Соглaсно Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 92/2007, 147/2008, 161/2009, 17/2011, 54/2011, 13/2013, 163/2013, 38/2014, 166/2014, 116/2015, 193/2015 и 31/2016), Ве известуваме дека Министерството за транспорт и врски закажа дополнителни термини за полагање на испит за добивање на сертификат за стручно оспособување на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи во патниот сообраќај кои ќе се одржат на следните датуми: 08.11, 07.12, 16.01, 12.02, 13.03, 11.04, 09.05 и 11.06.

Испитите ќе се одржат во просторија специјално опремена за оваа намена која се наоѓа во просториите на информатички центар при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Заинтересираните кандидати можат да извршат увид во базата на прашања за електронскиот испит на следниот линк: http://prasanja.mk