Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски присуствуваше на состанокот на министрите за транспорт и енергетика на земјите од Западен Балкан во организација на Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан што се оддржа во Брисел.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски присуствуваше на состанокот на министрите за транспорт и енергетика на земјите од Западен Балкан во организација на Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан што се оддржа во Брисел. 

Министерот Мисајловски, кој беше придружуван од заменик-министерот за економија Христијан Делев, истакна дека ова е подготвителен  состанокот на кој се разговарало за транспортните политики што земјите ги преземаат а се дел од разговорите што треба се водат на премиерско ниво. 

– Премиерите ќе разговараат за сите транспортни политики и меки мерки што треба да се реализираат. Се што ни претстои во наредниот период треба да го реализираме. Ние како земја кажавме што се нашите клучни приоритети и кои проекти ќе бидат клучен приоритет за Република Македонија во наредниот период. Исто така, јас потенцирав дека железницата на Коридорот 8 останува повторно еден од најважните проекти во Македонија за кој ќе ни бидат потребни дополнителни средства од ЕУ-фондовите за целосно имплементирање на целата секција од Коридорот. Се надевам дека ќе има слух од ЕУ за овој голем проект на Македонија и оти заедно со нив ќе го изградиме во наредните години, истакна министерот Мисајловски.

Министерот Владо Мисајловски врски, на состанокот ги информирал присутните за сите проекти што се случуваат во Република Македонија и за идните проекти за кои ќе се бараат дополнителни грантови од Унијата.