Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оставри работна средба со абмасадорката на Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара.

На средбата се разговараше за зголемување на соработката меѓу двете земји за прашања поврзани со активностите на министерството за транспорт и врски. Министерот Сугарески ја информираше амбасадорката за инфраструктураните проекти што ги реализира Република Македонија кои се од капитално значење за државата и регионот.

 Ние како држава имаме многу заеднички работи со Турција. Во име на добрите односи, со амбасадорката разговаравме за продлабочување на таквата соработка која ќе биде од значење за двете земји, изјави министерот Сугарески. 

Двајцата соговорници се согласија дека средбата е од огромна корист за двете земји и дека во наредниот период дополнително ќе се залагаат за зголемување на соработката меѓу Република Македонија и Турција.