Република Македонија има стратешка позиција на Балканот, таа е природен крстопат низ кој поминуваат двата Европски Kоридори, 8 и 10,  што и овозможуваат важна улога во јакнењето на економскиот раст на Регионот.  Таквата позиција ја прави нашата земја клучен транзитен центар, од една страна преку Коридорот 10 таа е порта за влез во Европа, а од друга страна преку Коридорот 8 таа е клучна точка при поврзувањето на Црното и Јадранското Море, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на конференцијата посветена на важноста на Коридор 8. 

Во продолжение обраќањето на министерот:

Денеска имаме посебна можност сите заедно да ги отвориме темите за развој на инфраструктурата, посебна на патната инфраструктура на Коридор 8, од кои дискусии ќе ја продлабочиме соработката со стручната јавност, а се надевам дека од оваа Конференција ќе произлезат јасни насоки за доизградба, модернизација и развој на Коридорот 8.

Воедно, се надевам дека оваа средба ќе биде уште една можност да ги продлабочиме пријателските и добрососедските односи со Република Бугарија и да ги потврдиме нашите заеднички цели и интереси во насока на развој и интеграција во Регионот..

Република Македонија има стратешка позиција на Балканот, таа е природен крстопат низ кој поминуваат двата Европски Kоридори, 8 и 10,  што и овозможуваат важна улога во јакнењето на економскиот раст на Регионот.  

Таквата позиција ја прави нашата земја клучен транзитен центар, од една страна преку Коридорот 10 таа е порта за влез во Европа, а од друга страна преку Коридорот 8 таа е клучна точка при поврзувањето на Црното и Јадранското Море.

Затоа силно сме посветени во реализација на крупни капитални проекти и на двата Коридори.

Во продолжение ќе се осврнам на клучните проекти што ги реализираме на Коридор 8, што е и тема на денешната Конференција.    

Препознавајќи ја потребата од сериозни инвестиции во инфраструктурата кои ќе овозможат забрзан економски раст не само на Република Македонија туку и на целиот Регион влеговме во инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната мрежа на Коридор 8.

Вложувањата за развој на Коридорот се од огромно значење за сите нас бидејќи смеаме дека ќе придонесат за зголемување на неговата конкурентност, подигнување на нивото на квалитет на транспортните услуги, нови транспортни рути но и унапредување на севкупните релации меѓу земјите во регионот.

Нашата цел како земја е да создадеме квалитетна патна мрежа која ќе овозможи непречен, брз и безбеден транспорт на стоки и услуги.

Затоа во Програмата предвидовме инвестиционен план во вредност од 3 милијарди евра во следните 10 години, со кои ќе обезбедиме изградба на: 

-  600 километри автопатишта и експресни патишта

-  550 километри магистрални и регионални патишта

-  1000 километри локални патишта

Само оваа година ќе инвестираме околу 270 милиони евра во изградба, реконструкција и рехабилитација на преку 60 патни правци или 800 километри патна мрежа во државата.

Конкретно на Коридор 8 планираме:

-  Реконструкција на патниот правец од граничниот премин Ќафасан до Струга.

-  Во тек е изградба на автопатот од Охрид до Кичево

-  Во тек е проектирање за изградба на автопат од Кичево до Гостивар, кој ќе се гради фазно и очекуваме да започне со изградба следната година

-  Реконструкција на автопатот од Гостивар до Тетово

-  Во скоро време ќе започнеме со изградба на експресен пат од Ранковце до Крива Паланка со можност за идно прераснување во автопат

-  И проширување на патниот правец од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир.

Тука сакам да спомнам и дека

-  Во тек е изградба на автопатот од Скопје до Штип

-  Реконструкција на регионалниот пат од Кочани до Делчево

-  А исто така планираме во наредниот период да се изработи и проектна документација за изградба на автопат од Струмица до границата со Бугарија

Покрај инвестициите во изградба на патната мрежа, фокусирани сме и на изградба на Железницата на Коридор 8 и тоа во тек е изградба на пругата од Куманово кон Бугарија, неодамна го завршивме проектот и  од Кичево до границата со Албанија за кој во наредниот период ќе работиме на обезбедување на финансиски средства.

Сите овие инвестиции ќе овозозможат функционален Коридор 8 кој стратешки ќе отвори нови можности за земјите во Регионот.

Исто така, ќе потенцирам дека Министерството за транспорт и врски изработува Национална транспортна стратегија која во наредниот период треба да ги даде вистинските правци за развој на инфраструктурата во земјата.

Стратешка определба на Владата е целосно интегрирање на Република Македонија во рамките на Европското семејство.

Водејќи се од ваквите заложби транспортната политика на нашата земја се движи токму во оваа насока, одликувајќи се со крупни капитални инвестиции и залагајќи се за имплементација на европски стандарди за квалитетен и  безбеден транспорт. Доказ за тоа е и вклучувањето на Македонија во Транспортната заедница на регионот што претставувапатоказ за движењето на транспортната политика на нашата земја во иднина, се обрати министерот. 

Конференцијата беше органиизрана од Друштвото на патишта на Република Македонија која прослави 50 години од постоењето.