Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оствари работна средба со министерот за транспорт и пловидба на Црна Гора, Осман Нуркович.

На средбата се разговараше за искуствата од спроведување на политиките во делот на ависообраќајот како и можностите и условите за искористување на капацитетите на аеродромите во двете земји.

Министерот Сугарески го информираше црногорскиот министер за условите што ги нуди Република Македонија на авиокомпании кои се заинтересирани да оперираат во Република Македонија. Тој потенцираше дека развојот на авиосообраќајот е еден од приоритетите на Министерството за транспорт и врски и сите активности што ќе се реализираат во следниот период ќе бидат во насока на обезбедување на широка мрежа на дестинации во Европа и светот.

На средбата, покрај министерот Сугарески, присуствуваше и министерот за привлекување на странски инвестиции Аднан Ќахил, како и менаџментот на ТАВ.

Двајцата министери се заложија за подобрување на односите меѓу двете земји посебно во делот на економијата и транспортот.