Министерот Сугарески денеска пред споменикот „ Карпалак“ во Прилеп оддаде почит во чест на 10-те загинати бранители од Прилеп кај месноста Карпалак во конфликтот од 2001 година.

- Од ова место, сеќавајќи се на загинатите бранители, испраќам сериозна порака дека обединувањето во Република Македонија се случува и мора да се случи во идниот период. Тоа што се случуваше пред 16 години е недозволиво и не смее да и се случи на Република Македонија, рече министерот Сугарески.

На спомен обележјето, почит оддадоа и претставници на семејствата на загинатите, делегации од кабинетот на претседателот на Република Македонија, од Министерството за одбрана и генерал-штабот на АРМ предводена од бригадниот генерал Павле Арсоски, од локалната самоуправа на чело со градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, од здруженија на бранителите, од политички партии и граѓани.