Целта на министерството за транспорт и врски е да обезбеди нови авио линии по прифатливи цени за граѓаните со што ќе ја рашириме мрежата на достапни дестинации низ Европа и светот,  ова денеска го потенцираше министерот Сугарески на средбата со преставници од авиокомпанијата Визер. 

На средбата се разговараше за соработката меѓу Владата на Република Македонија и авиокомпанијата Визер во насока на поддршка и развој на авиосообраќајот во Република Македонија.

Министерот Сугарески потенцитраше дека развојот на авиосообраќајот во Република Македонија е еден од приоритетите на Владата на Република Македонија и во таа насока политиките на Министерството за транспорт и врски ќе се движат кон обезбедување на широка мрежа на достапни дестинации во Европа и светот.

На средбата министерот Сугарески го отвори прашањето на зголемување на капацитетите на Охридскиот аеродром и негово промовирање во аеродром за нискобуџетни компании кои ќе нудат летови за бројни дестинации, како една од заложбите на Владата за развој на воздушниот сообраќај во земјава.

“Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид е неискористен потенцијал и во таа насока ќе се обидеме да го раздвижиме авиосообраќајот и на тој аеродором и да обезбедиме што повеќе дестинации од страна на нискобуџетни компании. Тоа е и една од мерките предвидени во Програмата на Владата на Република Македонија.Нашите заложби како Влада и понатаму ќе континуирано подобрување на авиосообраќајот во Република Македонија.” рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот Сугарески на претставниците од авиокомпанијата Визер им ги образложи идните планови на Владата на Република Македонија за развој и поддршка на ависоообраќајот во земјата, притоа нагласувајќи ја поддршката во насока на обезбедубвање на што поголем број на дестинации достапни за граѓаните на Република Македонија.

Владата и Министерството за транспорт и врски  кон сите авиокомпании кои работат на Македонскиот пазар вклучувајќи ја и компанијата Визер, гледа како партнер во развој на авиосообраќајот во земјата, потенцираше Суагрески.

Имајќи предвид дека авиокомпнијата Визер превезува над половина од вкупниот број на патници превезени на двата аеродроми и обезбедува летови кон 27 дестинации,  министерот  Сугарески им честиташе за таквиот успех и ја отвори можноста за зголемување на соработката и во наредниот период се со цел граѓаните да добијат квалитетни услуги и широка мрежа на достапни дестинации за патување.

Во таа насока заложбите на Владата на Република Македонија е преку развој на ависообраќајот да обезбеди и раст на економијата, туризмот и да ги зголеми културните врски со останатите земји од Европа и светот.