Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска се обрати на форумот “ Важност на Пан - Европскиот Коридор 10 д за Република Македонија, Балканскиот полуостров и Европската Унија” кој се оддржи во Битола.

Во рамките на своето обраќање министерот ја потенцира важноста на доизградба на Коридорот 10 и кракот “д” од овој Коридор, како и неговата улогата во економскиот раст и развој на Република Македонија.

“ Република Македонија со својата географска позиција има стратешка улога во јакнење на економскиот раст на Регионот преку развој на инфраструктурата на двата Коридори,  8 и 10.  Искористувањето на таквата позиција покрај економските придобивки има и политичко значење во процесот на позиционирање на земјата како неизбежна транспортна рута. Затоа сметаме дека заокружувањето на инвестициите на овие Коридори се од клучно значење за целосна функционалност и оддржување на добрата кондиција на патната и железничката мрежа. Таквите вложувања на долг рок на земјата ќе и донесат економски раст и развој и подигнување на нивото на квалитет на транспортните услуги”, истакна министерот Сугарески.

Тој пред присутните ги презнетираше проектите што ги реализира Владата во делот на патната и желеничката инфраструктура на овој коридор.  Притоа нагласи дека на среден рок, програмска определба на Владата е изградба и реконструкција на преку 700 километри патна мрежа.

Посебен акцент се стави на изградба на експресен пат од Прилеп преку Битола се до граничниот премин Меџитлија како и на изградба на железницата од Битола до Кременица и крак до индустриската зона во Жабени.

“ Многу значаен проект на кој во наредниот период ќе посветиме големо внимание е проширување на државниот пат Прилеп - Битола се до граничниот премин Маџитлија. Овој патен правец планираме да го изградиме на ниво на експресен пат, a во меѓувреме делот од Битола до Меџитлија ќе го реконструираме. Генерално следната година очекувам да имаме целосно функционлаен Коридор 10 на ниво на автопат, а за две до три години да имаме и модерни патни правци на кракот 10 Д”, се обрати министерт Сугарески пред присутните.

Тој побара од стручната јавност да се вклучи во креирање на националните политики за развој на патната и желеничката мрежа во Република Македонија.

Во рамките на посета во општина Битола, министерот Сугарески оставри средба и со градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска.

На средбата се разговараше за проектите што ќе се реализираат во наредниот период во општината, како и за идните проекти на Министерството за транспорт и врски за овој регион.