Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Национална стратегија за Интелигентни транспортни системи (ИТС) на Република Северна Македонија
17.08.2023
Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Сл.весник на РМ” бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 39/16, 99/18), Министерството за транспорт и врски на ден 17.03.2023 година, донесе Одлука за неспроведување на стратегиска оцена при подготовка на Националната стратегија за Интелигентни транспортни системи (ИТС) на Република Северна Македонија. Целосната Одлука и формуларите, мислењето од МЖСПП и Националната стратегија за Интелигентни транспортни системи (ИТС) на Република Северна Македонија се прикачени за увид.
Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерство за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната на Министерството за транспорт и врски (сметано од 17.08.2023 година).