ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИЗВЕСТУВАЊА на 31.03.2022 ГОДИНА
31.03.2022
Врз основа на член 56 став 5 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ“ бр.96/19) Комисијата за одлучување по прекршоци при Министерството за транспорт и врски, врши јавна објава на веб страницата на Министерството за транспорт и врски
ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИЗВЕСТУВАЊА
НА 31.03.2022 ГОДИНА
Комисијата за одлучување по прекршоци при Министерството за транспорт и врски, им соопштува на наведените физички лица, дека направи 2 (два) последователни обида за достава на Известувања со прилог поднесени Барања за поведување на прекршочна постапка по Законот за превоз во патниот сообраќај, кои не се во состојба да се достават со лична достава и тоа на:
Денис Асанов, со адреса на живеење во Штип на ул.„Солидарност“ бр. 3-1, за Известување бр.46-2762/2 од 21.12.2018 година,
Јован Павлоски, со адреса на живеење во Гостивар на ул. „Бранко Станоевиќ“ бр. 14/Д, за Известување бр.46-2898/2 од 12.11.2018 година,
Жарко Василевски, со адреса на живеење во С.Љубодраг, Куманово, за Известување бр.46-3293/2 од 21.12.2018 година,
Се повикуваат горенаведените физички лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавување на оваа јавна објава да се јават во просториите на Министерството за транспорт и врски на ул. „Плоштад Црвена Скопска Општина“ бр.4, Скопје во својство на странка за прием на горенаведените Известувања со прилог Барања за поведување на прекршочна постапка, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, на кое во рок од 3 (три) дена ќе можат писмено да се произнесат во врска со фактите и доказите наведени во Барањата за поведување на прекршочна постапка.
Предупредување:
Ова соопштение со јавна објава на веб страницата на Министерството за транспорт и врски ќе се смета за уредно доставување на писменото што е во согласност со член 56 став 5 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ“ бр.96/19).
Доколку горенаведените лица во рок од 3 (три) дена по приемот на писменото не се произнесат по поднесеното барање, Комисијата за одлучување по прекршоци по службена должност ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребна за одлучување по прекршокот, а согласно член 60 од Законот за прекршоците.