Ова известување го објаснува видот на лични податоци што Министерството за транспорт и врски (во натамошниот текст: Контролор) и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи - Гостивар ги собираат од вас при поднесување на Барање за добивање на социјален стан под закуп.
Контролорот собира лични податоци преку барањата за добивање на социјален стан под закуп со цел да се утврди дали барателот ги исполнува сите потребни услови за добивање на социјален стан под закуп. При тоа се врши::
Собраните информации кои се во состав на Барањето за добивање на социјален стан под закуп не се користат за ниту една друга цел и истите се чуваат во тајност, согласно Законот за заштита на личните податоци и истите се недостапни за било кој освен членовите на Комисијата за распределба на социјални станови.
Собраните информации од страна на Контролорот служат исклучиво за вршење на распределба на социјални станови, согласно Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.37/22 и 38/22) по објавениот Оглас за распределување на 70 социјални станови во општина Гостивар во станбена зграда на улица „ЈНА“ бр. 283-Б во Гостивар изградени по Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Северна Македонија во општина Гостивар, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при советот на Европа и Република Северна Македонија, објавен на 04.03.2022 година во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“, како и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски и огласните табли на Министерството за транспорт и врски и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Гостивар.
Контролорот ги собира следните информации:
Овие информации се обезбедуваат преку доказите наведени во горенаведениот оглас, за секоја категорија на корисничка група посебно.
Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
Контролорот ги обработува личните податоци со цел исполнување на условите дадени во Одлуката за распределба на социјални станови, како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.37/22 и 38/22) по објавениот Оглас за распределување на 70 социјални станови во општина Гостивар во станбена зграда на улица „ЈНА“ бр. 283-Б во Гостивар изградени по Програмата за изградба и одржување на станови во сопственост на Република Северна Македонија во општина Гостивар, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при советот на Европа и Република Северна Македонија, објавен на 04.03.2022 година во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“, како и на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски и огласните табли на Министерството за транспорт и врски и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Гостивар.
При распределбата на социјалните станови ќе се земе предвид:
- бројот на членови во заедничкото домаќинство;
- вкупниот месечен расположлив прилив
- старосната структура за заедничкото домаќинство;
- попреченоста согласно Законот за социјална заштита и Законот за заштита на децата и
- активното учество во програмите за вработување или вработеност.
До документите кои содржат лични податоци пристап имаат само членовите на комисијата за распределба на социјални станови, формирана со Решение на Министерот за транспорт и врски. Целосната документација на апликантите кои поднеле Барање за добивање на социјален стан за користење под закуп се чува заклучена во просторија која е посебно наменета за тоа. Лицата кои имаат пристап до овие податоци имаат потпишано изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци и добиено соодветно овластување од страна на Контролорот, што значи дека само овластените лица може да ги обработуваат личните податоци. До овие податоци не може да пристапи друго лице.
Може да испратите барање до Министерството за транспорт и врски на ул. „Црвена скопска општина“ бр. 4 или преку електронска пошта на: info@mtc.gov.mk
Вие имате право да пристапите до вашите податоци со испраќање на барање до Министерството за транспорт и врски на истите контакти кои се наведени во точката бр. 6.
Не е дозволено менување на доставените податоци.
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци со испраќање на барање на истите контакти кои се наведени во точката под бр.6, кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработката и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ. По распределбата на социјалните станови, се изготвува прелиминарна ранг-листа која ги содржи имињата и презимињата на барателите кои добиле социјален стан за користење под закуп по кориснички категотии, а по проверката согласно член 17, став 3, алинеја 1 и 2 од Одлуката наведена во точката бр. 1 одова известување, се изготвува и конечна ранг-листа. Овие ранг листи се објавуваат на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски, на огласната табла во Министерството за транспорт и врски, како и на огласната табла на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Гостивар, каде стојат објавени највеќе 15 денови.
Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката со испраќање на барање на контактите наведени во точка бр. 6, кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 денови од денот на поднесување на барањето.
а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање на е-пошта до Info@mtc.gov.mk и да побарате да преземе акција.
б) Вториот чекор, доколку не добиете одговор или ако не сте задоволни од истиот е да контактирате со нашиот офицер за заштита на личните податоци Драган Симоновски на телефонските броеви: 02/3145-436, 071/289-499 или преку електронската пошта: dragan.simonovski@mtc.gov.mk
в) Можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
Обработката на личните податоци започнува во моментот на доставување на вашето барање со потребната документација кај Контролорот.
Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии, како и технички и организациски мерки со кои се заштитуваат вашите лични податоци, пред сé од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци во ограничен пристап и контролирана околина.
Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци онолку долго колку што трае целокупната постапка до конечна распределба на социјалните станови.