Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Николоски: Го пуштивме во употреба реконструираниот магистрален пат Охрид- Св. Наум, еден од најзначајните правци за развој на туризмот
13.06.2025

Со реализирана инвестиција од 11, 7 милиони евра денеска се пушти во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум.  Патниот правец е во должина од 24,3 км и извршена е целосна реконструкција, a со цел да се подигне безбедноста на сообраќајот се направи и растеретување на одредени косини.

Во своето обраќање, потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека овој е еден од најзначајните патни правци за Охрид кој е витален за целиот охридски регион и за туризмот.  

Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски:

“Навистина ми е драго што eве сме покрај Зaливот на Коските, најпосетуваниот Mузеј во Макeдoнија кој што од денеска е достапен по еден реконструиран пат. Особено ми е драго што овој пат се реализира, овој пат е витален за целото крајбрежје и за целиот туризам. Она што ми е особено драго е тоа што се направи модерен пат и по кој побрзо преку целата година ќе можат да стигнуваат и луѓето кои што живеат и на овој дел од езерото, а исто така и туристите полесно да комуницираат. Овој пат не беше реконструиран и не беше чепнат на одредени делници од годините кога прв пат бил правен, кога во поранешната држава генералот Карангелески го пробивал, па се до реконструкцијата не бил чепнат овој пат. Еве сега е завршен и реконструран и ќе помогне на туристите и на жителите полесно да комуницираат. 

Пред нас имаме уште големи проекти. Оваа Влада е само 11 месеци, Влада која се соочи со огромни проблеми, 7 години имаше пустош во Македонија, инфраструктурните проекти беа целосно застанати, како што беше и овој проект. Имаше бројни проблеми, дали на релизациаја на проектот или во лошо проектирање, кога влеговме ги решивме и се завршија.

Би сакал лично да се заблагодарам на Премиерот бидејќи без негова подршка овие проекти и невозможно е да се реализираат. Ние имаме една силна активност, на една дневна основа се координираме како што се координиравме и денеска кога доаѓавме наваму. Тој лично ги следи проктите и затоа имаме успех.

Претседателе благодарам.

Благодарност и на сите кои се ангажираа и се ангажираат и за многу брзо време се гледаме за поголеми проекти и поубави работи. Нека е со среќа, многу туристи и многу убави форографии од ова прекрасно место кај што сме”- се обрати вицепремиерот Александар Николоски

На настанот покрај вицепремиерот Николоски, се обратија и претседателот на Владата Христијан Мицкоски, како и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски и градоначаникот на Охрид, Кирил Пецаков.



За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube