Република Северна Македонија


Министерство за транспорт

  • Насловна
  • Министерство
    • Органограм
    • Раководна структура
      • Министер
      • Заменик министер
      • Државен секретар
    • Сектори
      • Поддршка на Министерот
      • Општи работи
      • Патен сообраќај
      • Железници
      • Европска Унија
      • Сектор за воздухопловство
      • Финансиски прашања
      • Уредување на простор
      • Документирање и управување со градежно земјиште
      • Нормативни и правни работи
      • Управно надзорни работи
      • Станбено-комунални работи и инфраструктура
      • Прекршоци
    • Државни советници
      • Советници
    • Органи во состав на министерството
      • Капетанија на пристаништата
      • Управа за сигурност во железничкиот систем
    • Независни оделенија
      • Внатрешна ревизија
      • Човечки ресурси
      • Стратешко планирање
  • Медиа центар
    • Вести
    • Соопштенија
    • Интервјуа
    • Покана до медиуми
    • Односи со јавност
    • Фото галерија
  • Огласна табла
    • Јавни oбјави
    • Испити
    • Јавни огласи
  • Регулатива
    • Градење
    • Урбанизам
    • Градежно земјиште
    • Патен сообраќај
    • Железнички сообраќај
    • Воздухопловство
    • Внатрешна пловидба
    • Станбена и комунална изградба и домување
    • Поштенски услуги
  • Проекти Светска банка
    • Проект за локални патишта LRCP
    • Проект за олеснување на транспорт и трговија TTFP
  • Финансии
    • Буџет
  • Јавни набавки
    • Огласи за јавни набавки
    • Склучени договори
  • Уредување на просторот
    • Планска/Проектна програма за планови и проекти
    • СОЗЖС
    • Завршени урбанистички проекти
    • Завршени урбанистички планови
    • Јавен увид
    • Стручен испит за урбанистичко планирање
    • Стручна и јавна расправа
  • Контакт
Николоски: Со изградбата на патот Гевгелија - Богданци ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија
22.06.2025
Изградбата на патниот правец Гевгелија - Богданци има огромно значење за развој на регионот бидејќи поврзува неколку општини и населени места и дава силен инпут во развој на бизнисите и подобра комуникација на жителите, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот по повод пуштање во употреба на патниот правец Гевгелија-Богданци.
 
Инвестицијата е во вредност од 5 милиони евра, средства се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.   
 
Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски:
 
Навистина е убаво кога се отвораат нови проекти. Денеска отвараме еден пат што многу значи за целиот регион. Значи за Богданци, за Гевгелија, за Валандово и Дојран и за целиот регион затоа што им овозможува подобра комуникација на сите овие општини и населени места. Мене ми е драго што се заврши проектот, ова беше еден од заглавените проекти кои што ги наследивме, но еве се завршува, имаме еден нов модерен пат, пат кој целиот овој регион го поврзува со коридор 10. Преку тоа го поврзува со Гевгелија и со соседна Грција и Србија, го поврзува со главниот град Скопје и овозможува многу можности како за бизнис така и за размена, за студентите побрзо да стигаат до факултетите, земојделците побрзо да ги продваат своите производи и за сите кои живеат во овој дел за еден побрз напредок.
Би сакал да се заблагодарам на Премиерот затоа што големи проекти без силна подршка не се реализираат. Ние сме на дневна основа во комуникација и координација  и без Премиерот и без неговата подршка ни овој проект немаше да е возможен. Претседателе благодарам!
Благодарнст за сите кои се вложија во реализција на проектот, на вредните работници кои што работеа на овој проект, на ЈП за државни патишта, на вработените во министерството за транспорт и останатите институции кои помагаа.  Нека е за среќа и да се гледаме за уште многу, многу убави проекти”- истакна вицепремиерот Николоски. 
 
На настанот се обратија и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта ,Коце Трајановски. Во своите говори ја истакнаа важноста од рехабилитација на овој патен правец како и силната инвестициона активност на Владата за изградбра и модернизација на патната мрежа низ државата.


За нас

Раководна структура

Организациона шема

Кодекс за административни службеници

Програма

Останати линкови

Влада на Република Северна Македонија

Собрание

Влада на РСМ - Услуги

Останати линкови

Социјални мрежи

Facebook

Youtube