ДОЗВОЛА за влез на територијата на Република Северна Македонија за професионални возачи на товарни возила
17.03.2020
Врз основа на член 58 и 64 од Законот за заштита на населението од заразните болести (Сл.весик на РМ бр. 64/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15, 37/16 и 83/18) Министерство за здравство - Државниот санитарен и здравствен инспекторат во рамки сопствените законските овластувања на ден 17.03.2020 година ја донесе следнава:
ДОЗВОЛА
За влез на територијата на Република Северна Македонија која што се однесува на професионални возачи на товарни возила кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија и кои се придржувале кон посебен здравствен и протоколарен режим на влез во државата. Оваа дозвола се однесува само професионални возачи на товарни возила кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија и кои се придржувале кон посебниот здравствен и протоколарен режим кој што е донесен од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Претходно дадената лична изјава се смета за неважечка.