Издвоени проекти

  • Изградба на автопат Демир Капија – Смоквица

    Пробиени се двата двоцевни тунели, моментално се се работи на сите 6 мостови на пропусти, потпорни ѕидови, и потпатници. Се очекува комплетно да се заврши кон крајот на 2016 или почетокот на 2017 година.
  • Изградба на автопат Миладиновци (Скопје) – Штип

    До сега пробиени се 94% од трасата. Се работи на земјани работи, пропусти, косини и асфалтирано е со прв слој од асфалт во должина од околу 11км.
  • Изградба на автопат Кичево – Охрид

    Ова е нов автопат кој е со должина од 57 км.До сега пробиени се околу 82%од трасата. Моментално се работи на земјани работи, пропусти потпорни ѕидови, се работи на 15 мостови. Aсфалтирано е со прв слој од асфалт во должина од околу 500м.

Рехабилитација на автопатска делница Куманово – Миладиновци

Оваа автопатска делница е во должина од 23 км и е дел од Коридорот10. Се работи на стругање на асфалт и санација на 8 моста.

Рехабилитација на автопатска делница Смоквица – Гевгелија

Оваа автопатска делница е во должина од 10,15 километри, а вкупната инвестиција е 4,2 милиони евра, средства од ИПА и буџет на РМ.

Увид во изградбата на автопатот Миладиновци - Штип

Пробиени 95 % од автопатот Миладиновци - Штип.

Увид на регионалниот пат Лажани - Ропотово - Црнилиште

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојановски, извршија увид во реконструкцијата на регионалниот пат Лажани – Ропотово – Црнилиште.

Средба со добитниците на социјални станови во Прилеп

Решен проблемот за распределба на социјалните станови,119 семејства од Прилеп, Ресен и Демир Хисар.

Привршува изградбата на експресниот пат Велес - Кадрифаково

Финишира изградбата на експресниот пат Велес-Кадрифаково. Патот во должина од 26 километри комплетно ќе биде завршен до септември.
Владо Мисајловски
Министер за транспорт и врски
ВЕСТ НА ДЕНОТ
Се осветлуваат сите тунели долж Коридор 10.