Стефан Волкановски
Државен секретар во Министерство за транспорт на Република Северна Македонија
Државен секретар во Министерство за транспорт на Република Северна Македонија
Од месец Октомври 2024 година стапува на функцијата Државен секретар во Министерството за транспорт
Волкановски е роден 5 април 1986 година во Битола. Високо образовние завршува на Универизтетот Св. Кирил и Методи на Економскиот факултет во Скопје каде се стекнува со звање Дипомиран економист од областа на маркетингот.
Своето образование го продолжува исто така на Економскиот факултет во Скопје каде во 2010 година се стекнува со титулата Магистар по маркетинг.
Во перидот од 2012 до 2015 година посетува и трет циклус на студии по маркетинг за во 2015 година да се стекне со титулата Доктор на науки.
Својата работна кариера ја започнува во 2009 година во приватниот сектор каде работи во делот на маркетингот. Во 2010 година започнува да работи во Генералниот секретаријат на Владата. Својота работна кариера како Државен советник за координација на работата на Комисијата за економски систем и тековна економска политика ја продолжува до 2024 година, кога стапува на функцијата Државен секретар во Министерството за транспорт.
Во својот професионален развој Стефан Волкановски посетува обуки и работилници за преговори со Европската Унија, потоа за јакнење на организациските и институционалните капацитети во процесот на европска интеграција, обуки за комуникациски вештини и лидерство.
Во 2019 година учестувува во Избирачкиот одбор во дипломатско-конзуларното претставништво во Детроит, САД, за спроведување на претседателските избори.
Има одлично познавање на изборниот процес во Македонија, исто така познавање и на целокупното законодавство и работење на државните органи.
Области од особен интерес се економските прашања, правните работи, изборни процеси, управување и лидерство на проекти, преговори и застапување.