Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Николоски: Рекордна реализација на капиталните инвестиции- Министерство за транспорт со 65%, а цела Влада со 32% во првите три месеци годинава

Николоски: Рекордна реализација на капиталните инвестиции- Министерство за транспорт со 65%, а цела Влада со 32% во првите три месеци годинава

Сериозно сме посветени на инвестициите, Буџетот во моментов е во одлична кондиција, а Министерството за транспорт е рекордер во работење годинава со 65 % реализација на капиталните инвестиции до сега, истакна во гостувањето на "Топ тема" на ТВ Телма, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

 

"Буџетот е во одлична кондиција и доколку се соочиме со ситуација на продолжена воена криза, со добро планирање ќе дадеме сериозни одговори. Всушност тоа се гледа во моментов, каде што кризата се чувствува, но не онака како што. Има сет на мерки кои што ги чуваме како резерва доколку ова ескалира. Јас се надевам дека ќе заврши, дека ќе можеме да се вратиме во нормала", рече Николоски.

 

Вицепремиерот истакна дека е горд на реализацијата на капиталните расходи на неговиот ресор, чиј процент само после првиот квартал годинава изнесува над 65%.

 

"Во однос на капитални расходи, многу сум горд на тоа што Министерството за транспорт е апсолутен рекордер во работење, заклучно со 31. март, односно во првиот квартал оваа година, реализацијата на капитални расходи е 65%, а на ниво на Влада е 32%. Не можете да најдете ниедна година откако државата е самостојна со вакви бројки, што значи дека сериозно сме посветени на капиталните расходи и инвестиции, потенцираше заменик претседателот на Владата", Александар Николоски.

 

Во гостувањето беше потенцирано дека паралелно се работи на сите автопатски делници низ државата, со посебен фокус на проектите што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“, дека интензивно напредуваат и железничките проекти со сериозни подготовки за изградба на брзата пруга, додека автопатот Охрид–Кичево конечно се очекува да ја добие својата завршница до крајот на годината.

Мени за пристапност