Информации за граничните премини 16.03.2020 година
16.03.2020
Во врска со состојбата со појава на вирусот Ковид – 19, информираме дека грчките погранични органи ќе дозволуваат влез во Република Грција само на нивните државјани и на странците со постојан престој во Република Грција.
Товарниот сообраќај ќе се одвива со нормален тек, освен во периодот од 21:00 до 05:00 часот, кога ќе биде забранет сообраќајот за товарни моторни возила за влез и излез во/од Република Грција, а во останатиот период од денот ќе се одвива нормално. Мерките ќе бидат активна наредните 30 дена.
Во врска со состојбата со појава на вирусот Ковид – 19, со Одлука на Влада на РСМ, се затвораат сите гранични премини во Република Северна Македонија за премин на патници и возила, освен граничните премини Богордица, Ќафасан,Табановце, Деве Баир и Блаце кои ќе бидат отворени за премин.На граничните премини на кои е забранет премин на патници и возила дозволено е исклучиво премин на товарни возила.
Покрај ова, во Република Северна Македонија забранет е влез на странски државјани кои доаѓаат од земји со висок и среден ризик, согласно листата на Светска Здравствена Организација.
Исто така се затворен е и аеродромот Св.Апостол Павле во Охрид.
Во Република Косово - сите гранични премини се затворени освен за државјани на Косово. Покрај забраната за влез на странци во Косово, товарниот сообраќај се одвива нормално за влез и излез. Во Република Албанија и во Република Србија од 16.03.2020 година забранет е влез за сите странци, вклучувајќи ги и нашите државјани, додека товарниот сообраќај ќе се одвива нормално.
Во однос со сите авиолинии, ги замолуваме сите патници да се информираат за рестрикциите воведени од земјите на нивните дестинации, како и кај соодветната авиокомпанија: