Известување - Се затвораат сите гранични премини во Република Северна Македонија
16.03.2020
Се затвораат сите гранични премини во Република Северна Македонија за премин на странски државјани-патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, за претставниците од дипломатскиот кор во Република Северна Македонија како и за други лица за кои МВР ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб кој ќе потврди дека постои посебен државен или економски интерес. Овие товарни возила и лица ќе влезат во Република Северна Македонија според посебни правила за заштита согласно протоколот на Министерството за здравство
Понатаму, се затвора Меѓународниот Аеродорм Скопје и граничниот премин на овој аеродром по истек на 48 часа од денот на влегување во сила на оваа одлука, освен за државни, воени, хуманитарни, билнички, карго и летови без патници за позиционирање на водухоплови, со претходна најава до аеродормскиот оператор ТАВ Македонија ДООЕЛ, а АД М-НАВ Скопје да издае НОТАМ препораки за истото.