Во врска со состојбата со појава на вирусот Ковид – 19, информираме дека се затвораат сите гранични премини во Република Северна Македонија за премин на патници и возила, освен граничните премини Богордица, Ќафасан,Табановце, Деве Баир и Блаце кои ќе бидат отворени за премин.На граничните премини на кои е забранет премин на патници и возила дозволено е исклучиво премин на товарни возила.
Покрај ова, во Република Северна Македонија забранет е влез на странски државјани кои доаѓаат од земји со висок и среден ризик, согласно листата на Светска Здравствена Организација.
Исто така се затвора и аеродромот Св.Апостол Павле во Охрид.
Во врска со состојбата на граничните премини во земјите од Европа информираме дека:
Во Република Косово - сите гранични премини се затворени освен за државјани на Косово. Покрај забраната за влез на странци во Косово, товарниот сообраќај се одвива нормално за влез и излез.
Во Црна Гора отворени гранични премини се со Република Србија ГП Dobrakovo – Dracenovac; со Република Босна и Херцеговина ГП Metaljka, Sitnica, Ilino Brdo; со Република Албанија - Bocaj и со Република Хрватска - Debeli Breg. Исто така отворени се аеродромите Подгорица и Тиват.
Во Република Албанија сите гранични премини со Грција, Косово и Италија се затворени за патници и патнички возила. Товарниот сообраќај е отворен.
Во Република Австрија и Република Хрватска сите гранични премини се отворени.
Во Република Италија отворени се следните аеродроми: Ancona, Bari, Bologna, Cagliari, Catania, Genova, Lamezia Terme, Lampedusa, Milano Malpensa, Napoli Capodichino, Palermo, Pantelleria, Pescara, Pisa, Roma Fiumicino, Torino, Venezia Tessera.
Аеродромот Roma Ciampino е отворен само за итни случаи. Сите други гранични премини во Италија се отворени.
Во однос со сите авиолинии, ги замолуваме сите патници да се информираат за рестрикциите воведени од земјите на нивните дестинации, како и кај соодветната авиокомпанија: