Ги известуваме граѓаните, со одлука на Владата на Република Северна Македонија а кои се однесува на спречување на внесување и ширење на Коронавирусот Ковид-19, целосно ќе биде затворен ГП Блато ( Дебар ) и ГП Џепиште-Требиште за секаков вид на сообраќај.
Исто така почнувајќи од 06.00 часот на 13.03.2020 заклучно со 15.03.2020 до 24.00 часот ќе биде ограничен влез и излез за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија, кои ќе патуваат на ГП Стење и ГП Св Наум.
Ги известуваме граѓаните дека српскиот граничен премин „Рибарци“ од ден 12.03 2020 година од 07.00 часот, согласно насоките од Владата на Република Србија, а во врска со состојбата со Ковид 19 е затворен за патници и возила. Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин „Голема Црцорија“ – Голеш(кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица.