СООПШТЕНИЕ ЗА ИСПИТНА СЕСИЈА ЗА СТРУЧЕН ИСПИТ ОД ОБЛАСТА НА УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊЕ
06.12.2022
Министерството за транспорт и врски во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери Ве известува дека во четврток на 22.12.2022 година ќе се одржи Првата Испитна сесија за стручен испит од областа на урбанистичкото планирање за стекнување на Овластување за изработување на урбанистички планови.Кандидатот кој ги исполнува условите согласно законските и подзаконските акти од областа на урбанистичкото планирање поднесува барање со пропратна документација согласно Правилникот во електронска форма до Комората на овластени архитекти и овластени инженери на електронската адреса: ispiturbanizam@komoraoai.mk. На следниот линк http://mtc.gov.mk/Strucen%20ispit%20za%20urbanisticko%20planiranje се објавени материјали за стручниот испит:
Прашања за стручниот испит од областа на урбанистичкото планирање;
Програма за полагање на стручниот испит и тоа општ дел со прописи од области релевантни за урбанистичкото планирање (одредбите од прописите обележани со црвена боја се предмет на програмата за стручниот испит) и посебен дел со прописи од областа на урбанистичкото планирање;
Правилник за начинот за спроведување на стручниот испит од областа на урбанистичкото планирање, програмата за полагање на испитот, висината на надоместокот за трошоците за испитот, како и надоместоците за членовите на испитната комисија, за програмата и испитните прашања и други аспекти на организацијата, содржината и формата на обрасците за испитот и на уверението за положен стручен испит (Сл.Весник на РСМ бр.212/2022).
4. Упатство за работа на комисијата за полагање на стручниот испит - КОАИ