Јавна покана за поднесување на понуда за набавка за заштитни маски, заштитни ракавици и средства за дезинфекција на раце за потребите на Министерството за транспорт и врски
23.03.2020
Покана за поднесување на понуда
До: Економски оператори
Почитувани,
Министерството за транспорт и врски, со седиште на адреса на улица “Црвена Скопска Општина“ број 4, 1000 Скопје, поштенска адреса на улица ,,Даме Груев,, бр. 6, 1000 Скопје, интернет адреса: www.mtc.gov.mk,, телефон за контакт 076-430 411, (02) 3145 530 и (02) 3 145 445, електронска пошта maja.pavlovska@mtc.gov.mk, има потреба од набавка на:
Дел 1: Набавка на заштитни маски и заштитни ракавици за потребите на Министерството за транспорт и врски и
Дел 2 Набавка на средства за дезинфекција на раце за потребите на Министерството за транспорт и врски;
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка со преговарање без објавување на оглас оглас согласно со член 55 став 1 точка г од Законот за јавните набавки.
Вашата понуда од горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка треба да ја доставите најдоцна до 26.03.2020 година во 10:00 часот на горната адреса.
На ден 26.03.2020 година во 10:00 часот, Ваш овластен преставник за преговарање треба да присуствува на состанок со Комисијата за спроведување на јавната набавка, состанок кој ќе се одржи во просториите на Министерството за транспорт и врски.
Во прилог на оваа покана, Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Ве молиме при изготвување на Вашата понуда да ги користите оригиналните обрасци кои се составен дел на тендерската документација.
Во прилог тендерската документација можете да ја погледенете овде