Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски денеска остави работен состанок со Амбасадорот на Катар во Република Македонија, неговата екселенција Хасан Бин Абдулах Заид Ал Махмуд.

На состанокот се разговараше за продлабочување на економските односи меѓу двете земји, притоа ставајќи акцент на реализирање на новата авионска линија меѓу Катар и Република Македонија на релација Доха-Скопје.

Министерот Мисајловски изрази огромна благодарност до Амбасадорот Заид Ал Махмуд за поддршката што ја дава Катар за зголемување на потенцијалите за економска соработка како и за воведување на директната авионска линија Доха-Скопје, потенцирајќи дека неколкуте заеднички средби што ги имале резултирале со позитивен исход за Република Македонија и за Катар како и за граѓаните на двете земји преку воведување на оваа авионска линија.

Амбасадорот Заид Ал Махмуд исто така се заблагодари за поддршката што ја дава Владата на Република Македонија и на заедничките напори за воведување на оваа авионска линија и го го информираше Министерот Мисајловски дека авиокомпанијата Катар ервејс официјално ќе започне со лет на релација Доха-Скопје на 17 јули 2017 година со три лета во неделата.

Во насока на продлабочување на соработкатакако и за развој на турзимот, министерот Мисајловски побара доколку постои можност да се разгледаат можностите за зголемување на бројот на линии се со цел да се овозможи што поголем број на граѓани од двете земји да ги почуствуваат бенефитите од воведување на директната авионска линија.

На средбата се заклучи дека и двете земји во иднина ќе работат на продлабочување на економската соработка.