Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оствари работна средба со претставници од авио компанијата  ЛОТ Полиш ерлајнс на која присуствуваше и амбасадорот на Полска во Република Македонија.

На средбата се разговараше за можностите и условите  што ги нуди Република Македонија на авиокомпании кои се заинтересирани да оперираат од двата аеродроми како и овозможување на нови дестинации.

Министерот Сугарески потенцираше дека развојот на авиосообраќајот во Република Македонија е приоритет на Владата на Република Македонија и во таа насока политиките на Министерството за транспорт и врски ќе се движат кон обезбедување на широка мрежа на дестинации во Европа и светот.

Министерот Сугарески ги информираше претставниците од Полиш ерлајнс дека Владата континуирано овозможува услови за  поддршка  на сите заинтересирани авиокомпании кои сакаат да оперираат во Република Македонија. На средбата се отвори и прашањето за можноста за воспоставување на летови и од аеродормот  Св.Апостол Павле во Охрид со што би се заголемиле капацитетите на искористенот на овој аеродром.

Во таа насока, Владата на Република Македонија воспоставува политики за развој на ависообраќајот и обезбедување на подобри услови за граѓаните и сите други чинители во воздухопловната дејност во Република  Македонија, истакна на средбата министерот Сугарески .