
Во рамките на ИПА финансискиот
инструмент, како техничка помош од Европската унија, беше склучен Договор
за подготовка на нова Национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030 .
Првиот предлог на документот кој беше доставен од страна на консултантите од проектот се дополни од страна на Министерството за транспорт и врски со поглавје за следење на спроведување на стратегијата. Ревидираната верзија на предлогот на Националната транспортна стратегија е достапна за пошироки јавни консултации на интернет страната на Министерството за транспорт и врски од 16.05.2018 година. По спроведување на јавната расправа конечниот текст на стратегијата ќе биде усвоен од Владата на Република Македонија и ќе биде објавен на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски.
Во рамките на истиот проект за подготовка на предлог стратегијата, спроведувајќи ги одредбите од Законот за животна средина, Министерството за транспорт и врски спроведе постапката за СОЖС во рамките на која се изработи нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Стратегијата.
Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарентност и вклученост на јавноста во процесот на донесување на одлуки во однос на Националната транспортна стратегија 2018 – 2030, документите: Национална транспортна стратегија и Извештај за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Националната транспортна стратегија се достапни за пошироката јавност наследниот линк: http://mtc.gov.mk/predlog-nacionalna-transportna-strategija-2018-2030
На ден 21.12.2018 година во просториите на Министерството за транспорт и врски ќе се одржи јавна расправа со цел презентирање на главните наоди од Предлог националната транспортна стратегија и нацрт Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина.
Ве покануваме да земете активно учество и да дадете придонес во изработка на квалитетни документи во кои ќе бидат вградени сите сегменти неопходни за ефективно спроведување на истите.
Вашите забелешки и коментари по горенаведените документи може да ги испратите до Министерството за транспорт и врски или на е-маил goran.temovski@mtc.gov.mk најдоцна до 23.12.2018 година.
NTS_EN_final_final_18.12_.18_.pdf
NTS_MK_final_final_18.12_.18_.pdf
Izvestuvanje_za_odrzuvanje_na_javna_rasprava-NTS_za_vo_vesnici_final_14.12_.18_.doc
Извештај_за_стратегиска_оцена_на_животната_средина_по_предлог_НТС_2018-2030.pdf