Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со потпретседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставревски, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски како и градоначалниците на голем број општини, одржаа работен состанок на кој се разгледаа активностите околу проектот Купи куќа за млади.

Овој мега проект, како што изјави Груевски е директно поврзан со општините и поради тоа е потребна координација, акциски план како и операционализација на чекорите кои следат.

-Овој закон беше експресно изгласан во Парламентот и пред повеќе од една недела е стапен на сила и како и секогаш ние како партија и коалиција не треба да се задоволиме само со тоа што сме го добиле законот, туку и со остварувањето на терен, односно со давањето на можност на младите луѓе до 35 години, кои ги исполнуваат условите согласно законот и сакаат да го направат тој чекор да им биде овозможено, се обрати Груевски.

Тој посочи дека проектот нуди низа можности и оти тој овозможува не само младите кои немаат сопствен дом да го решат станбеното прашање, туку оти им помага и на оние кои имаат помал стан или куќа да дојдат до поголем дом.

Може младите кои имаат помал стан, а сакаат да го продадат и да изградат поголема куќа, да земат поволен кредит каков што се нуди со голем грант елементи. Млади кои имаат стан од 45 квадрати, а сакаат куќа од 100 квадрати, може да го продадат и да земат кредит со сите добри услови што се нудат, и да направат куќа од 100 до 120 квадрати. Исто така може да имаат куќа и да земат кредит за надградба или доградба на куќата, а може да имаат и мала куќа и да ја продадат и со кредит за да изградат 

Инаку во Министерството за финансии има отворено канцеларија каде што граѓаните можат да се информираат за околностите  и условите за аплицирање за проектот „Купи куќа за млади до 35 години. Но и организиран е караван кој ќе ги посетува општините за да можат граѓаните да се запознаат подетално со овој проект.

-Проектот е извонредно добро дизајниран бидејќи овозможува флексибилност во насока на помош, било во делот на плаќање на ратата или во стекнување на средства за добивање на кредит. Дизајниран е на база на контакти со младите луѓе и од тој аспект нема сомнеж дека одговара на нивните потреби, изјави Ставрески.

Изработката на урбанистичките планови ќе бидат едни од најголемите предизвици, подвлече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

-Затоа ние како Министерство распишавме јавен повик за сите општини да поднесат барање  ние да им изработиме директно план за типски населби. Ова важи за сите општини кои треба да достават барање за нас а ние како Министерство ќе им изработиме планови во координација со нив и сето тоа ќе биде на наш трошок, изјави Мисајловски.