С О О П Ш Т Е Н И Е

до превозниците кои вршат превоз на патници

Ве информираме дека на ден 29.05.2017 година (понеделник) со почеток од 09:00 часот заклучно до 15:00 часот истиот ден ќе се врши аплицирање по електронски пат за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници.

Превозниците кои имаат лиценци за линиски превоз на патници и кои ги исполнуват критериумите за аплицирање утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај во наведениот термин ќе можат да аплицираат на интернет-страницата www.liniskiprevoz.gov.mk.

  Со почит,

Министерство за транспорт и врски


Превземи документација:

линк 1 

линк 2