Преспа доби две модерни плажи уредени по најсовремени стандарди, плажата во Стење и плажата во Сливница, вкупна инвестиција 77 милиони денари.

Преспа доби две модерни плажи уредени по најсовремени стандарди, плажата во Стење и плажата во Сливница,  вкупна инвестиција 77 милиони денари. 

Министерот Мисајловски заедно со градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски денеска беа на увид во уредената плажа во Сливница, проект на министерството за транспот и врски. 

Министерот Мисајловски најави дека за брзо време ќе започне изградбата на пешачката и велосипедската патека околу Преспанското езеро во должина од 5.2 километри. Се работи за околу 1 километар пешачка и велосипедска патека во Стење, 2.5 километри од Сливница до Претор, 1.2 километри патека од Сливница до Крани и околу 320 метри патека во Долно Дупени. Вкупната инвестиција изнесува 52 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на министерството за транспорт и врски.