Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митрович.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, притоа акцент се стави на зголемување на економската соработка меѓу Република Македонија и Црна Гора.

Министерот Сугарески го запозна амбасадорот Митрович со ифраструктурните проекти што се реализираат во земјава како и со реформите што се спроведуваат во насока на подобрување на севкупната состојба во државата.

“На средбата разговаравме на теми што се однесуваат на двете земји. Црна Гора е наша пријателска земја и се надевам дека во име на таквиот партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период”, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

  Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на  понатамошната соработка, посебно во делот на зголемување на економските односи.