Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оставри работна посета на општина Дојран. Во рамки на посетата, оставри средба со градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, а исто така посети и неколку компании.

На средбите се разговараше за инфраструктурните проекти што се реализираат во општината  а кои се од големо значење за целокупниот развој на општина Дојран.

Министерот Сугарески информираше дека преку Владата на Република Македонија на општитние ќе им се обезбедат преку 100 милиони евра,  што ќе бидат  наменети за проекти од водоводната и канализационата инфраструктура.

“Сакам да најавам дека ќе обезбедиме преку 100 милиони евра за општините. Овие пари ќе можат да се искористат за изградба на канализации и водоводи и затоа апелот е до општините да подготват ревидирани проекти и да ги достават до Владата. Секоја општина да си утврди приоритетни проекти, а Ние ќе им помогнеме за нивна реализација. Ова е еден од начинот да ги подобриме условите на живот на граѓаните”, изјави министерот Сугарески.

Тој најави дека Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе инвестира 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините.

На средбата со градоначалникот се разговараше и за реализација на проекти кои ќе го унапредат туризмот во општината, како и за подобрување на условите за привлекување на нови домашни и странски инвеститори