Министерот за транспорт и врски  Горан Сугарески оствари работна средба со амбасадорот на Израел во Република Македонија, Дан Орјан.

На средбата се разговараше за актуелните состојби меѓу двете земји, притоа акцент се стави на можноста за воспоставување на директна авиолинија на релација Скопје - Тел Авив. Министерот го информираше амбасадорот за сите потребни процедури и услови потребни за воспоставување на ваква авио линија.

Министерот Сугарески го запозна амбасадорот на Израел  и со ифраструктурните проекти што се реализираат во земјава како и со реформите што ќе се спроведуваат во наредниот период а кои се во насока на подобрување на севкупната состојба во државата.

  Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на  понатамошната соработка, како и подобрување на економските односи меѓу Република Македонија и Израел.