Во вторник, 04.декември 2018 година, во просториите на Министерството за транспорт и врски се оддржа воведен состанок за опочнување на три проекти за техничка помош за:

- модернизација на железничката делница по должината на Коридор X и Xd со воведување на Европскиот систем за контрола на возовите (ETCS) ниво 1, со времетраење од 9 месеци;

- предстудија за изводливост за подобрување на состојбата на железничката делница Скопје-Кичево, со времетраење од 10 месеци;

- модернизација на железничката делница по должината на Коридор X и Xd со воведување на систем за мобилна комуникација во железница (GSM-R), со времетраење од 6 месеци.

Проектите отпочнуваат истовремено со реализација и се поддржани од инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ). Вкупниот буџет е во изност од 1,1 мил.евра грант средства и се однесува на подготовка на предстудии за изводливост на проектите. Краен корисник на сите три проекти е Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие Македонски железници- Инфраструктура. Проектите се поддржани од страна на Европската банка за обнова и развој а ќе се имплементираат од страна на конзорциумот предводен од Хил Интернационал, оддел 7 во ВБИФ.

Крајна цел на овие проекти е да се подобри железничката инфраструктура и да се придонесе кон ефективност и ефикасност во железничкиот транспортен систем. Поконкретно, ќе придонесе кон модернизација и надградување на железничката инфраструктурата долж Коридорот X и VIII во Република Македонија, како дел од Европските транспортни коридори, како и подобрување на безбедноста и интероперабилноста согласно ЕУ стандардите.

извор ДЕУ