Пуштен во употреба експресниот пат од Крупиште до Кочани
26.12.2022
Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска присуствуваа на настан по повод пуштањето во употреба на делница Крупиште-Кочани на експресниот пат Штип-Кочани. Со денешното ставање во функција на 13,7 километри од Крупиште до Кочани и трасата од Штип до Крупиште, целосно е завршен проектот кој се реализираше во две фази.
Во продолжение е целото обраќање на министерот Бочварски:
" Нема поубав момент од овој кога годината ја завршувате со реализација на крупен капитален проект, проект од исклучително значење за преку 190 илјади жители на Истокот.
Посебно ми е драго, бидејќи знам колку овој експресен пат им беше потребен на жителите од Штип, на Пробиштип, на Крупиште, жителите од Чешиново-Облешево, на Кочани, Виница, на Беровчани, на жителите на Делчево и сите други граѓани кои секојдневно поминуваат низ оваа источна траса.
Патиштата ги поврзуваат луѓето, ја зголемуваат капиталната вредност, тие се акцелератор на економијата, трговската размена, конкурентноста на државата и безбедноста во сообраќаот.
Мојата порaка од тука е следна: Oваа Влада води грижа подденакво за сите, се бори за развој на економијата, за подобар живот за граѓаните, за просперитетна и подобра иднина за сегашните и идни генерации.
И на терен тоа се следи секојдневно, нема место во државата каде не се гради, нема општина во која не сме инвестирале.
Создаваме подобри услови инвестирајќи во нови патишта, во изградба на водоводни системи, во изгрaдба на нови пруги, им помагаме на општните и го потикнуваме урбаниот развој заради подобри и поквалитетни услови за живеење.
Од регион кој претходно беше заборавен, денеска од Истокот создадовме регион на просперитет, регион на нови инвестиции, на нови работни места, подобро, модерно и безбедно место за живеење за граѓаните.
И овој експресен пат е само еден доказ за тоа, изградивме модерно патно решение од Штип до Кочани со кое го подигнавме нивото на безбедност во сообраќајот на максимум.
Ако пред 5 години од Кочани до Скопје се патуваше за 1 час и 40 минути, денска патувањето е намалено на помалку од 1 час со поголема безбедност.
Денеска и официјално ја пуштаме во употреба втората фаза од овој експресен пат од Крупиште до Кочани во должина од 13, 5 километри. Инвестицијата е во вредност од 18, 2 милиони евра.
Патот е со ширина од 12 метри, со две коловозни ленти и две ленти за застанување, две клучки заради подобар пристап за населените места, еден спој на модерното градежништо, изграден по највисоките стандарди за безбедно одвивање на сообрќајот.
Со ова ја комплетиравме целата патна врска од Штип до Кочани во должина од 28 километри за што вкупно инвестиравме 47 милиони евра.
Овој експресен пат е дел од државаната А4 рута, започнувајќи од граничен премин Блаце, преку обиколницата Скопје, преку автопатот до Штип и преку овој експресен пат добиваме подобро регионално поврузвање со соседна Бугарија. Преку овој пат добиваме брза патна врска по целиот Источен регион.
Друга работа што сакам да спомнам е фактот дека градежништовото на терен е соочено со многу предизвици. Така беше и за овој патен правец. Но со добра и организирана работа на целиот тим од министерството, од јавното претпријатие, надзорот, изведувачот и локалните самоуправи, успеавме да ги надминеме сите тие предизвиици и денеска имаме модерно патно решение.
И сакам да упатам искрени честитки за таквата посветена работа.
Токму поради таквата посветеност и борбата со предизвиците денеска капиталните инвестиции се за 7 милијарди денари поголеми од тие од пред седум или осум години.
Инвестициите во инфраструктурата значат развој на државата, силна поддршка за стопанството и побрза и полесна комуникација меѓу граѓаните.
Нема и не може да има ниту еден против аргумент од било кој, дека за овие 5 години ги заменивме старите дотраени патишта од минатиот век со нови модерни делници кои се налик на европските со значително поголема безбедност.
Преку 1 милијарда евра инвестиравме за модерни патишта, во нови и побезбедни 1300 километри патна мрежа.
Само во овој регион вложивме преку 300 милиони евра за да ги подигнеме патиштата на повисоко сообраќајно ниво.
За само една година, изградивме два модерни експресни патишта, од Штип до Радовиш и овој од Штип до Кочани со вкупна вредност одпреку 110 милиони евра.. Ги рехабилитиравме сите патни правци со што обезбедивме услови за силен развој на Истокот и Југоиsтокот.
Веќе покажавме дека сме силно фокусирани на модернизација на патиштата, на изградба на железнцата, на Европските коридори, на економскиот развој на нашата земја и создавање на подобро услови за сите наши граѓани.
Нека е со среќа, честитки за македонските граѓани за подобра и просперитетна иднина на државатa" истакна министерот Бочварски.