8 април - Меѓународен ден на Ромите: Министерството за транспорт и врски инвестира во подигнување на животниот стандард на Ромите
08.04.2022
Денеска го одбележуваме Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април.
Министерството за транспорт и врски преку проектот Поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите инвестира средства со цел подобрување на животниот стандард во населените места каде живее Ромско население.
Во буџетот на Министерството за 2022 година предвидени се 20 милиони денари, кои ќе бидат инвестирани во локалните самоуправи за реализација на проекти од комуналната инфраструктура и изградба на социјални објекти, кои значително ќе придонесат за подигнување на квалитетот на живот на нашите сограѓани.
Јавниот повик за проекти во општини со Ромско население што го распиша Министерството за транспорт и врски заврши, до сега се доставени 17 проекти, од вкупно 16 општини.
Во следниот период овие проекти ќе се евалуираат и сите кои што се комплетни ќе се реализираат преку финансиската поддршка на Министерството за транспорт и врски.
Владата и Министерството за транспорт и врски се посветени на имплементацијата на Националната стратегија за Роми, која ги опфаќа реалните потреби на Ромите во земјава и на градење инклузивно општество.